На 14 септември 2023та година во Холидеј Ин во Скопје се одржа настанот iDEA Classic 2023/2024 организиран од страна на Аларм аутоматика Македонија.
Овој настан прерасна во своевидна традиција, каде секоја година на различен начин го претставуваме iDEA Classic каталогот. Годинава, одлучивме на кратко да Ви ги пренесеме новитетите и да ги истакнеме трендовите во безбедносната индустрија, додека за сите подетални информации и/или едукации, независно технички или продажни, добредојдени сте да закажете состанок. Тимот на Аларм аутоматика Македонија е тука за Вас.
За нас овој настан беше многу повеќе од формална презентација. Тоа беше можност за нашите партнери и соработници да ги споделат своите искуства и да уживаат во опуштената атмосфера за која се погрижи и нашиот водител Марко Новески. Дополнително со цел да се заблагодариме на Вашата поддршка организиравме и богата лотарија со награди од реномирани брендови како AJAX, Fonestar, DVC и Reolink.
Ви благодариме на сите кои учествувавте и придонесовте за успехот на настанот iDEA Classic 2023/2024.



